Српскиот претседател Александар Вучиќ се откажа од посетата на селото Бање во регионот на Дреница, откако косовската Влада му ја повлече дозволата за посета на таа област во која се одржуваат протести на ветераните на Ослободителната војска на Косово (ОВК).
Вучиќ се обиде да го посети селото по споредни патишта, но беше запрен од косовската полиција и вратен назад.
Banorët e Skenderajt ndezin zjarr në barrikadën kundër vizitës së presidentit serb Aleksandar Vuçiq (VIDEO)
Posted by Klan Kosova on Сабота, 08 септември 2018
Косовските медиуми објавија фотографии и видеа од демонстрантите на патот по кој требаше да помине Вучиќ. Тие со багери, шлепери и шут ги блокираат патиштата.
Откако беше запрен од полицијата, српскиот претседател замина кон Митровица, од каде што со жителите на Бање ќе разговара телефонски.
Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли објави дека Владата во Приштина била поддржана и од КФОР за одлуката да му се повлече дозволата на Вучиќ за посета на Дреница.