ЗНМ ја поздрави одлуката за затворска казна за напаѓачот на новинарите на А1он

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основен суд Скопје 1, со која напаѓачот на новинарската екипа на А1он, лани на протестите на движењето „За заедничка Македонија“, Матија Каников, го осуди со шест месеци затвор.

– Оваа пресуда на судијата Марија Клетничка-Марковска од Кривичниот суд е прва со која напаѓач на новинар е осуден на затворска казна и со тоа ја прекинува политиката на неказнивост за напади на новинари. Пресудата праќа јасна порака дека системот нема да толерира насилство врз новинарите и дека секој што ќе нападне во иднина ќе биде брзо откриен и изведен пред лицето на правдата, се вели во соопштението од ЗНМ.

Пресудата, како што се наведува, ќе влијае позитивно и на зголемување на безбедноста на новинарите, која е основен предуслов за да можат тие слободно и без страв да ја вршат нивната новинарска професија во интерес на граѓаните.

– Со тоа системот покажува дека ги штити основните човекови права и слободи, како што е слободата на говорот. Ваквата пресуда претставува и добар пример што треба да ја следат и другите судии, поефикасно да ги решат другите предмети за напади на новинари, стои во соопштението.

ЗНМ го охрабрува Основното јавно обвинителство да ги забрзаат истрагите за сите напади на новинари со цел насилниците да се изведат пред лицето на правдата.

Би можело да ве интересира

Нов напад со нож во Германија: Дванаесет повредени во напад на железничка станица

Горан Наумовски

Два напади со нож меѓу деца денес во Германија

35-годишен Сириец е приведен во Германија откако избоде пет лица

Стравичен напад во Лондон, има повредени

Експлозии одекнуваат низ Киев, главниот град нападнат со дронови – ништо од примирјето

А1он

Израел ја бомбардираше Сирија, има загинати и повредени