Кипарското Министерство за одбрана им понуди 2364 автоматски пушки произведени од „Застава“ од Крагуевац, на африканските сили кои им помагаат на властите во Мали во борбата против исламските екстремисти.
Портпаролката на министерството изјави дека пушките, произведени уште во времето на Југославија, се веднаш на располагање. Се работи за модел „M70“, со калибар 7,62 милиметри.
Француската војска изврши инвазија во Мали, да им помогне во протерување на екстремистите поврзани со Ал Каеда кои владееја со северниот дел на земјата.
Екстремистите се прегрупираа и побегнаа во пустината и постои опасност од нивни контранапади.
Се очекува здружените сили на Мали и другите африкански земји да ја продолжат акцијата предводена од француските сили.