Скопје 2014: Архипорнографија, бизарност, лаги и мемориски картички

Од:

Група млади луѓе, за Нова година престојувале во Скопје. Еве ги нивните видувања за проектот „Скопје 2014″, пренесени на „Неблог“, под наслов „Скопје – Архипорнографија, бизарност, лаги и мемориски картички“.

Еве што меѓу другото пишуваат:

„Скопје 2014“ е проект кој се обидува, Македонија, Скопје и Македонците национално да ги дефинира во духот на балканското лудило на новоформирани нации. Така Македонците се антички народ со богата култура и историја. Не сакам да кажам дека Македонците немаат култура, но претерано е да се оди до антиката. Додуша и Србите нели беа најстар народ?

Целиот проект е брцање в око на Грција. Некои можеби можат тоа да си го дозволат, но Македонците не, затоа што како и сите на Балканот, немаат пари и оружје за то. Да биде бизарноста поголема, цената на овој „проект” е половина милијарда евра и веројатно ќе расте. Оние крстови кои од непознати причини се прават и градат по Србија, заедно со спомениците на Роки, Марли, Брус-Ли не можат да изгледаат толку смешно како Скопје.

Проектот „Скопје 2014” беше и наша цел, зошто мора да се види за да се поверува. Ова е туристичка атракција која е толку бесмислена, што е презабавна.

Целиот ансамбл оплеменет со антика изгледа како Дизниленд. Апсолутна мешавина на се што можело да се измеша бучкуруш, преплет на се што можело да се измеша, а се измешало. Не само што се градат нови „антички“ згради и споменици, туку се антиквизираат и постоечките објекти во Центарот на градот.

На шокираноста и неверувањето му нема крај. На бизарноста и нема крај. На мостот, куп уметници, еден до друг, личи дека кога целиот проект ќе се заврши и ќе почнат да се превртуваат во гроб, на Скопје сериозно ќе му се закани уште еден земјотрес.

most na umetnosta

Кога ќе се види бројот на уметници, помислувате дека сте во Италија, само опери и оперети, класика и возвишеност.

Самиот брег на Вардар е тема за психолози, таму има палми! Да, засадени палми! А на среде река стојат три кутиии од метал. Во секоја е посадено дрво и на секоја има натпис: Љубов, вера, надеж. Смеењето и солзите не можевме да ги сокриеме од двете скулптури, една капачка и една на која само нозе и се појавуваат од вода.

vrbikapacka

Се приближуваме на главниот плоштад. Лево споменик „На гемиџиитие”, преку мостот десно откриваме нешто што ѕирка од зградата. Колку повеќе се приближуваме, сфаќаме дека тоа е тупаница, па гледаме глава и нозе„Јбт, Филип Македонски, не не верувам!”, рече некој.

filip

„Здраво сине Александре! Да, тоа е Филип Македонски, кој го поздравува синот Александар. И тука огромниот Александар на коњот Букефал, е тука веќе не можевме да се воздржиме и почнавме гласно да се смееме. За да биде покомплетно, под Александар и Букефал и држачот за торта се наоѓаат комплетно опремени антички командоси – антички македонски војници, а околу нив лавови“.

Александар, војници, лавови – се заеедно во фонтана!

aleksnadar 1

Тука е и споменикот на Јустинијан Први, кој нема никаквa врска со Македонија, освен што во тоа време оваа територија и припаѓала на Византија. (Тука направив грешка – Јустинијан е роден на територија на денашна Македонија, во село Таор). Го кодифицирал римското право, ама ги укинал и сите антички философске школи, вклучувајќи ја и Платоновата. Не треба да се ситничари, туку да се има хиперпродукција на споменици.

justinijan

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски