ОН: Либиски групи договорија примирје во Триполи

Од:

Завојувани либиски групи во Триполи договорија примирје по една недела борби во кои беа убиени најмалку 50 луѓе, соопшти ОН.

– Договорот предвидува итен прекин на борбите и механизам за надгледување на почитувањето на договорот, соопшти мисијата на ОН во Либија.

Примирјето треба да даде можност и за обнова на работата на аеродромот Митига во близина на Триполи, како и отворање за сообраќај на сите патишта од и кон главниот град.

Судирите во јужниот дел на Триполи почнаа на 27 август и според западни медиуми повеќе од 1.800 семејества ги напуштиле домовите бегајќи кон други реони во Триполи или во други градови.

САД, Франција, Велика Британија и Италија го поздравија примирјето со заедничка изјава.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство