Повеќе од 50.000 луѓе денеска се евакуирани од своите домови во централниот дел на Мјанмар откако пукна брана и водата го поплави градот Свар и селата во близина.
– Многу луѓе од кои некои и директно се погодени од поплавата, одлучија да ги напуштат своите домови, стравувајќи оти би можело да порасне нивото на водата, соопштија од Одделението за управување со природни катастрофи.
Околу 54.000 луѓе се евакуирани од вкупно 12.000 домаќинства.