Google го демантира Трамп: Пребарувањето не е политички мотивирано

Од:

Google го демантира американскиот претседател Доналд Трамп, кој вчера на Twitter напиша дека компанијата „манипулира со резултатите од пребарување во корист на негативните извештаи за него и за другите конзервативци“.

– Кога корисниците пребаруваат во Google нашата цел е да во неколку секунди им обезбедиме да добијат најрелевантни одговори. Пребарувањето не се користи за поставување на политички агенди и не покажува резултати врз основа на чија било политичка идеологија. Секоја година правиме стотина подобрувања на нашите алгоритми за да се обезбеди висококвалитетна содржина, се посочува во соопштението на Google.

Компанијата истакнува дека резултатите никогаш не се рангирани со намера за политичка манипулација.

Трамп напиша и дека „96 отсто од резултатите од пребарување на вести за Трамп потекнуваат од „националните левичарски медиуми“, што според него е „многу опасно“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија