(ВИДЕО) Белчев: После 7 дена МОН и Општината се уште молчат за скандалот кој се случи во основното училиште во Гази Баба

Од:

„Поминаа 7 дена од организирањето на верски обред во основното „Крсте Мисирков“ во Општина Гази Баба, а надлежните се уште молчат. Невиден молк во Министерството за образование и Општината Гази Баба за овој огромен скандал.

Додека институциите се прават дека ништо не слушнале, ниту издале дозвола за приватната прослава за верскиот обред „сунет“ во училиштето, организаторите тврдат дека имале дозвола за истиот“, рече Живко Белчев, советник од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Организаторите пред медиумите кои го истражувале настанот покажале документ со потпис на градоначалникот Борче Георгиевски, за кој тврделе дека е дозвола за одржување на верскиот обред сунет.

Ова е скандал од невиден размер. Законот јасно забранува секаков вид на верско организирање и дејствување во училиштата.

Училиштата се образовни институции и согласно Законот не треба да служат за ништо друго, освен за образование.

Градоначалникот Борче Георгиевски е главниот виновник кој треба да понесе одговорност за овој чин и да објасни пред јавноста зошто издал дозвола за одржување на верски обред во училиште, односно таму каде што е најстрого забрането да се одржуваат вакви настани.

Исто така Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат треба веднаш да го испитаат овој скандал и соодветно да ги казнат виновниците. Ова е скандал кој не смее да се заташка.

Доколку надлежните институции останат глуви на овој упад на градоначалникот Георгиевски и грубото кршење на Законот, граѓаните самите ќе го дадат својот одговор и ќе ги казнат деструктивните и незаконските постапувања на функционерите од СДСМ.

На крајот граѓаните и Република Македонија ќе победат“, изјави Живко Белчев, советник од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166