(ВИДЕО) Николов: Со вакво покачување на платите, здравствените работници ќе продолжат да заминуваат од државата

Од:

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, за изминатава година и половина власт, во континуитет ги лаже и манипулира лекарите и здравствените работници. Наместо реализација на ветувањата кои ги даваа пред да добијат власт, тие или ги запираат круцијалните проекти, или ги лажат лекарите и вработените во здравствениот сектор, како и самите граѓаните.

Денес се потврди утопијата дека откако ќе дојдат на власт, во првите шест месеци ќе ја покачат основната плата на сите здравствени работници за 15 проценти. Измина повеќе од една година и половина откако владата предводена од СДСМ е на власт, а ова ветување се сведе на минорни 5%. Едноставно кажано повторно ИЗЛАЖАА“, рече Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Замислете, СДСМ и Заев ветуваа дека основната плата на докторите специјалисти до 2020 година ќе изнесува повеќе од 100 илjади денари. Со ова темпо на покачување, тешко дека некој специјалист ќе ja види оваа плата, а лекарите и здравствените работници само ќе продолжат да заминуваат од државава.

СДСМ исто така им ветуваше и на матичните лекари зголемена капитација, односно покачување на капитациониот бод на 90 денари. Понатаму, ветуваа покачување и на капитацијата по пациент и на матичните стоматолози. Но, денес се сведовме во состојба да околу 10 илјади пациенти останат без здравствен третман од матичен лекар, сето тоа само заради неспособноста да се отстранат бирократските процедури.

СДСМ и министерот Венко Филипче, најавуваа ставање на пациентот во центарот на вниманието, а флоскулата „задоволни пациенти и задоволни лекари” денес се сведува на зголемување на времето на чекање на преглед кај специјалист и преоптеретеност на специјалистите со по 40-50 прегледи на ден.

Оттука се поставува прашањето знае ли актуелниот министер за здравство, што ветувала партијата која го доведе на оваа функција, и што им е ветувано на вработените во здравството и на граѓаните? Согласно фактите неговото име наместо со заложби за решавање на проблемите, мерки за граѓаните, и за вработените во здравството, се поврзува единствено со тендери.

Со неисполнувањето на ветувањата, лагите и со манипулациите, како со оваа последнава за покачување на платите за 5 проценти, а не ветените 15 проценти, Заев и Филипче покажуваат дека тие не се грижат за здравјето на граѓаните и единствено ги манипулираат.

Денес реалноста говори дека за СДСМ, непознат e терминот достоинствен третман, бидејќи тие освен со лаги и манипулации, на друг начин не знаат и не се способни да ги задржат во јавното здравство лекарите и здравствените работници.

Го повикуваме министерот Филипче и одговорните во владата на СДСМ да реализираат барем едно дадените ветувања. И да не ја потценуваат интелигенцијата и достоинството на здравствените работници и лекарите“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски