Заврши 14-та отворена фудбалска школа во Крива Паланка

Од:

Годинашната отворена забавна фудбалска школа „Опен фан фудбал“ во Крива Паланка заврши. Изминатите пет дена на градскиот стадион во Крива Паланка со вештините на фудбалската игра се запознаа вкупно сто и осумдесет дечиња на возраст од шест до 11 години.

Во петте дена на одржување на „Опен фан фудбал“ децата се забавуваа учејќи ги фудбалските техники и правилата на фер плеј под менторство на 11 тренери и 11 асистенти.

– Крива Паланка инвестира во спортот и спортските активности. Во моментот е распишан конкурс за стипендирање на осум талентирани спортисти, а во сабота на 25-ти август ќе се промовира публикација за историјата на спортот во општината. Вложуваме во регистрирање на спортски тимови и екипи кои ќе се натпреваруваат во различен ранг во соодветните лиги при националните федерации. Таков е случајот со кошаркарската, пинпонгарската, шаховската екипа кои бележат подем во изминатиот период. Крива Паланка е мало градче кое негува спортски дух. Се надевам дека овие дечиња ќе израснат во познати спортски таленти со врвни достигнувања, истакна градоначалникот Мицевски на затварањето на школата.

Школата се реализираше под покровителство на локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот