Пред плејофот на Лигата на шампионите, има малку непознати во врска со шеширите за ждрепката за групната фаза. Вкупно 22 тима од 26-те кои се квалификуваат директно знаат во кој шешир ќе се најдат.
Финалистот од минатата сезона Ливерпул е меѓу ретките тимови кои ќе го следат плејофот со интерес. Тимот од Мерсисајд ќе се најде во вториот шешир ако Бенфика испадне од ПАОК. Ако Португалскиот тим продолжи напред, Англичаните ќе се најдат во третиот шешир.
Валенсија ќе се надева дека еден од Бенфика, Салцбург и ПСВ Ајндховен нема да стигне до групите. Ако и трите клуба се пласираат напред, „лилјаците“ ќе паднат од третото на четвртото место.
Оддамна се јасни лидерите во осумте групи – Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Манчестер Сити, Јувентус, ПСЖ и Локомотив Москва.
Ждребот за групите во Шампионската лига е на 30 август (четврток) во 18 часот во Монако.
Еве ги клубовите за кои веќе е познато во кој шешир се наоѓаат:
Прв шешир: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Манчестер Сити, Јувентус, ПСЖ и Локомотив Москва;
Втор шешир: Борусија Дортмунд, Порто, Манчестер Јунајтед, Шахтјор, Наполи, Тотенхем, Рома
Трет шешир: Шалке 04, Лион, Монако, ЦСКА Москва, Ајакс / Динамо Киев
Четврти шешир: Бриж, Галатасарај, Интер, Хофенхајм, Јанг Бојс / Динамо Загреб, Види / АЕК.