Заев: Пријателството со Бугарија треба да го негуваме и надградуваме

Од:

Македонскиот премиер Зоран Заев му одговори денеска на бугарскиот претседател Румен Радев, кој вчера му забележа дека не се извинил за тоа што кажал дека Илинденското востание е македонско.

– Апелирам сите заедно да ги тргнеме политичките интереси, голиот популизам, рече Заев и додаде дека Договорот за добрососедство со Бугарија ги потврдил добрите односи меѓу земјите и нивното меѓусебно пријателство, кое треба да се негува и надградува, бидејќи е од заемен интерес.

– Јас сум внимателен човек, мојата суета ја ставам настрана и сакам искрено да градам пријателство. Република Бугарија е партнер на Република Македонија. Тоа го покажа неколку пати, го организираше Самитот ЕУ-Западен Балкан и им даде афирмација на сите земји, меѓу кои и на Република Македонија. Министрите за надворешни работи на Бугарија и Грција како за своја земја се бореа Македонија да добие датум, рече Заев.

На прашањето дали конечно двете земји ќе се договорат чие е Илинденското востание, Заев нагласи дека тоа е дел од нашата заедничка историја.

Последна во серијата реакции од бугарска страна беше на претседателот Радев, кој изјави дека не чул дека Заев се извинил за изјавата за Илинденското востание. Тој побара анекс на Договорот за добрососедство. Не прифати извинување преку Фејсбук и смета дека е недозволиво и неприфатливо евроатлантската перспектива на Македонија да биде ставена пред бугарската историја, идентитет и суверенитет.

– Не може долгорочните интереси на Бугарија да се жртва на политичкиот маркетинг, порача Радев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

Муцунски го повикал бугарскиот амабасадор: се бара истрага и објаснување за објавената нота за семејството на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Барањата од Бугарија се истите од 2022 година

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

ЕУ подготвува санкции за Бугарија

Визите се причина за „војна“ помеѓу Бугарија и САД