Тројца од осомничените сè уште се вработени во Општина Карпош, еден од нив дал отказ

Од:

Тројца од раководителите во Општина Карпош, кои се на распит пред судија на претходна постапка, сè уште се вработени во Општина Карпош. Лицата Н.Н. во својство на помошник-раководител на секторот за финансиски прашања, С.М. во својство на раководител на одделението за норматива во правниот сектор и А.С. раководител на одделението за сметководство, обвинети за злоупотреба на службена должност сè уште работат на истите позиции. Само раководителот на секторот за јавни набавки, М.Д., сам дал отказ веднаш по доаѓањето на новото општинско раководство, велат за „Макфакс“ извори од општината.

Од кабинетот на градоначалникот Стефан Богоев велат дека веднаш штом добијат известување од судот, ќе постапат согласно со надлежностите. Односно, мерките што ќе ги преземат ќе зависат од одлуката на судот.

Финансиската полиција освен Јакимовски ги сомничи и вработените, а судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе има мерки на претпазливост. Лицата се осомничени во делот на три јавни набавки во Општина Карпош за време на мандатот на ексградоначалникот Стевчо Јакимовски. Станува збор за тендерите за општинските бараки и за плоштадот во Жданец.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Започнаа училишните спортски лиги во Карпош

Стевчо Јакимовски повторно ќе се кандидира за градоначалник на Карпош

Карпош доби нова административна зграда

Вечерва стартува „Карпошово културно лето“

ГРОМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за нова градинка, две спортски сали и реконструкција на улици – дури и кога проектите ги одобри нивната Влада

Опожарени се шест куќи во скопски Карпош, седум лица завршија во болница