Кавадаречката полиција со акција за почитување на забраната за продажба на алкохол на малолетници

Од:

Кавадаречката полиција од општа надлежност вчера спроведе акција за почитување на забраната за продажба на алкохол на малолетници.

Продавачи на киосци кои работат 24 часа, беа потсетени да ја почитуваат забраната за продажба на алкохолни пијалаци на лица со возраст под 18 години. За ова информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– За непочитување, предвидени се и казни според член 204 од кривичниот законик, парична казна или затвор од 3 месеци до 3 години, како и казни според член 58 од законот за трговија, за правно лице во висина од 8.000 евра, за одговорното лице 30 проценти од казната на правното лице и казна за физичко лице од 200 до 400 евра во денарска противредност, појасни Додевски.

На продавачите им беа поделени и флаери кои треба да ги истакнат на видни места.

Би можело да ве интересира

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он

Храбра акција: Кавадаречки пожарникари спасија куче од Луда Мара

Горан Наумовски

Илија Панов е осуден на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана

Газда на фирма од кавадаречко преку хакиран е-мајл измамен за 80.000 денари

А1он

Во Кавадарци полицијата уапси пијан млад возач, МВР против него најави пријава

Учителка од Кавадарци шпионирала колешка кај директорката на училиштето