Тунис побара екстрадиција на Бен Али од Саудиска Арабија

Од:

Претседателот на собранието на Тунис Мустафа Бен Јафар официјално побара од Саудиска Арабија да го екстрадира поранешниот туниски претседател Бен Али.

Бен Јафар барањето го упатии на средба со делегацијата на владата на Саудиска Арабија на чело со министерот за надворешни работи Сауди Ал Фајсал.

Фајсал потврди дека Бен Али не поседува никаков имот во Саудиска Арабија. Според него Бен Али има дозвола за престој во Саудиска Арабија под услов да нема никакви јавни излагања.

Бен Али е првиот претседател на арапска земја, што беше соборен од власт во 2011 година, по протестите кои потоа се проширија во неколку други арапски земји. Тој пребега во Саудиска Арабија, а воениот суд во Тунис го осуди во отсутност на доживотна казна затвор за улогата во справувањето со бунтот против неговиот режим.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен