Претседателот на Зимбабве Емерсон Мнангагва изјави денеска дека разговарал со лидерот на опозицијата Нелсон Чамиса во обид да се намалат тензиите до кои дојде по претседателските избори и судирот на војската и безбедносните сили со приврзаниците на опозицијата на улиците на Хараре.
Тој преку Твитер побара независна истрага за уличните насилства во кои загинаа три лица.
Претседателските избори се одржаа во неделата, на кои победи Мнангагва, а опозициските партии организираа протести незадоволни од резултатите.
Во судирите се убиени три лица, а учесниците на протестот беа растерани од страна на припадници на безбедносните сили со оклопни возила и воени хеликоптери.