Африканската национална унија на Зиммбаве – Патриотски фонт (ЗАНУ-ПФ), која е долгогодишна владејачка партија во Зимбабве, е победник на изборите што се одржаа завчера, соопшти денеска Изборната комисија на земјата.
Соопштението на Комисијата следи откако опозициската партија Движење за демократски промени – Цвангирај (МДЦ-Т), вчера се прогласи за победник на изборите.
Според изборната комисија, ЗАНУ-ПФ освоила 110 пратенички мандати, а МДЦ-Т 41 од вкупно 210-те места во Парламентот.
Ова беа први избори откако во ноември 2017 година Роберт Мугабе беше симнат од власт. Мугабе и изрази поддршка на опозицијата и нејзиниот водач Нелсон Чамиса, во борбата против претседателот Емерсон Мнангагва од ЗАНУ-ПФ, кој го предводеше државниот удар против него.
Чамиса вчера ја обвини Изборната комисија дека намерно одолговлекува со објавувањето на резултатите и дека ја крие опозициската победа.
Резултатите од претседателските избори, на кои главни кандидати се Мнангагва и Чамиса, пак, се уште не се објавени – тие се очекуваат в петок или сабота. Доколку ниту еден кандидат не освои половина од гласовите, ќе се одржи втор круг на гласање.