МФ: Помали акцизи за малите произведувачи на алкохол

Од:

Се намалуваат акцизите за малите произведувачи на алкохол, со новиот Предлог закон за акцизи, што го подготви Министерството за финансии, а кој е усогласен со директивите директивите на Европската унија.

Според Предлогот, малите дестилерии ќе плаќаат 50 проценти од полната акциза по литар алкохол, а земјоделците – мали производители 8,5 проценти од полната акциза по литар алкохол. Кај големите производители на алкохол, акцизата останува иста.

– Дополнителна поволност која ја предвидува законот е тоа што отсега акцизата за тутунски производи и алкохолни пијалаци ќе се плаќа со пуштање во промет на производот. Досега акцизата се плаќаше однапред, односно со подигање на акцизните марки, појаснуваат од Министерството за финансии.

Исто така, ќе се намали акцизата за меѓупроизводите, како на пример ликер и вермут, за околу 50 проценти.

Со новиот закон за акцизи се овозможува увоз и пуштање во промет на нови тутунски производи, кои досега граѓаните ги набавуваа од странство.

Поради следење на увозот и извозот на струјата, природниот гас, јаглен, кокс и лигнит, тие стануваат акцизно добро со овој закон, со тоа што акцизата се одредува на нула проценти. Тоа значи дека увезувачите нема да имаат дополнителен трошок, односно нема да плаќаат акциза.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација