Променливо време со повремен пороен дожд

Од:

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието. УВ индексот ќе изнесува седум, минималните температури од 14 до 22, а дневната највисока температура ќе се движи во интервалот од 27 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Температурите од 20 до 33 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Дневните температури ќе бидат околу или малку под просечните за овој период од годината. Извесно стабилизирање на времето се очекува за време на престојниот викенд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски