Огромна песочна бура го „проголта“ градот Голмуд на северот на Кина.
Видеата објавени по социјалните мрежи од страна на жителите изгледаат апокалиптично – огромни „ѕидови“ од песок, високи по 50 метри го прекриваат градот Голмуд.
Облак од прашина кој го пратеше ветер со брзина од 20 километри на час за само неколку минути го прекри градот.
Според кинеските медиуми, во бурата паднале неколку дрвја, а имало оштетувања и на објекти. Видливоста била намалена на помалку од 600 метри во градот и помалку од 100 метри во предградието.
Локалната полиција ги предупредувала жителите со сирени и светлосни сигнали за да ги потсети да возат пополека и да се повлечат на затворено.
Засега нема извештаи за евентуални жртви.