Едно девојче е посериозно повредено откако ајкула ја гризна за раката од отворен аквариум во трговски центар во Кина.
Ксиао Ли (6), се наоѓала до ивицата на отворениот аквариум кога ајкулата доплива до површината на водата и ја гризна за раката.
Бабата на девојчето, која што цело време беше со неа, рече дека ајкулата скокнала над водата за да ја нападне нејзината внука.
Меѓутоа, сопствениците на трговскиот центар реагираат и се бранат дека девојчето ја ставила раката во водата.
Девојчето има скршеници на прстите на раката и исекотини.
На снимката од безбедносните камери се гледа како ајкулата плива накај девојчето и ја каснува за раката пред шокираните посетители.
Девојчето веднаш се се обиде да се тргне од аквариумот, но не можеше да ослободи. Секунда подоцна ајкулата се тргна од девојчето.
Ксиао веднаш беше однесена на лекар, а персоналот на трговскиот центар постави шанк за да ги спречи посетителите да се приближуваат до аквариумот.