Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила

Од:

Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила, таксистите денеска се сретнаа со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, командирот на кавадаречката полиција и стручни лица од локалната самоуправа.

– Се разговараше на повеќе теми, меѓу кои и унифицирањето на такси возилата, паркинг места за такси возила и решавање на проблемот со таканаречените диви таксисти, информираа од кабинетот на Јанчев.

Според заклучоците, до крајот на оваа недела ќе се обележат сите паркинг места за такси возила и ќе се постават знаци на местата каде недостасуваат. Обележаните места за овие возила ќе бидат слободни и секогаш ќе се користат исклучиво за такси превозниците. Се со цел да се воспостави ред, ќе се вклучи и кавадаречката полиција со засилени контроли.

– За да се реши проблемот со „дивите“ таксисти, локалната самоуправа и полицијата апелираат до граѓаните и такси превозниците кои регуларно вршат превоз на патници, да ги пријават нелегитимните превозници на бројот 192, нагласуваат од градоначалничкиот кабинет.

На таксистите им бил презентиран и новиот предлог брендинг на автомобилите, се со цел да се изврши унифицирање на автомобилите. Такси компаниите и превозниците имаат рок до крајот на август да ги унифицираат автомобилите.

Би можело да ве интересира

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Горан Наумовски

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил

43-годишен маж од Кавадарци ја убил својата вонбрачна партнерка

Кавадарчанец барал помош од полицијата откако го истепала сопругата