Оне го најави стартот на вториот инстаграм-фотоконкурс за најдобра зимска инстаграм-фотографија насловен како ONE#Zimogram.
Новиот награден фотоконкурс започна денес на Попова Шапка каде што десетина пасионирани корисници на најпопуларната мобилна апликација Инстаграм ги направија првите фотографии.
„По ONE#Letogram, кој судејќи по бројките се покажа како исклучително успешен проект, повеќе од 2.500 пристигнати фотографии од над 300 автори и над 1.000 гласови за најдобра фотографија Оне лансира нов награден фотоконкурс, овојпат за најдобра зимска инстаграм-фотографија насловен како ONE#Zimogram. По вторпат Оне ја отвора можноста сите македонски „инстаграмци“ да ги споделат своите фотографии и уште еднаш да покажат дека со мобилните телефони се создава и уметност. Најавуваме почеток на уште една возбудлива, овојпат зимска, инстаграм-сезона“, изјави Емилија Зографска, менаџер за односи со јавност во Оне.