Македонскиот првак Шкендија успеа да обезбеди пласман во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите (ЛШ).
Иако Шкендија на реванш натпреварот во Велс против ТНС претрпе тежок пораз од 4:0, благодарение на поголемата предност од 5:0 од првиот натпревар во Скопје избегна елиминација.
Велшаните поведоа со погодокот на Дин Ебе во 15-та минута, а во 30-та минута Даниел Редмонд зголеми на 2:0.
Пет минути подоцна благодарение на погодокот на Бенџамин Кабанго домаќините имаа предност од 3:0.
Фудбалерите на ТНС и во второто полувреме продолжија да вршат притисок врз голот на Шкендија. Во финишот на натпреварот Куртис Бирн го постигна четвртиот гол и во 96-та минута ги постави конечните 4:0, но недоволни за пресврт на состојбата.
Шкендија во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите ќе се соочи со подобриот од натпреварот меѓу молдавски Шериф Тираспол и грузиски Торпедо Кутаиси. По првиот натпревар во Грузија, Торпедо има предност од 2:1, а реваншот се игра денеска од 19 часот во Молдавија.