АД ЕЛЕМ реагира на текстот објавен на „А1он“ во врска со условите во канцелариите на 10. кат.
„Во врска со Вашиот напис кој се однесува на работните простории на АД ЕЛЕМ во управната зграда на 10-тиот кат, Ве информираме дека просториите кои се прикажани на фотографиите не се користат од страна на вработените. 15-те вработени од ХЕ ‘Треска’ користат други канцеларии на тој кат, додека истовремено се прават напори да бидат прераспоредени на други катови во зградата, се до завршувањето на новата деловна зграда и обезбедување работен простор за сите, за што АД ЕЛЕМ вложува максимални напори тоа да биде направено во следните месеци.
Исто така, сакаме да Ве информираме дека системот за ладење подолго време беше во прекин во целата зграда на дирекцијата на АД ЕЛЕМ и дека истите услови ги споделуваа сите вработени во дирекцијата.
Би сакале да нагласиме и дека 88 вработени од подружницата ХЕ ‘Треска’ ги извршуваат своите работни обврски во хидроелектраните ‘Козјак’ и ‘Св.Петка’. Во зградата на дирекцијата пред три месеци се префрлени другите 15 вработени, откако истече договорот за закуп на просториите на ул. ‘Македонија’ каде дотогаш беа сместени“ се вели во реакцијата на ЕЛЕМ.