Фудбалерите на Севиља синоќа во последниот натпревар од 21.коло на Примера Дивизија постигнаа победа на домашен терен против Гранада со 3:0 (1:0).
Головите на стадионот „Рамон Санчез Пизхуан“ ги постигнаа: Џефри Кондогбиа во 32.минута, Алваро Негредо 71.минута и Гери Медел 75.минута.
Со новите три бодови и со вкупно 26 бодови Севиља се искачи на 11 место на табелата и направи скок за две места, додека Гранада остана на 17.место со 20 бодови.
На чело на табелата во Шпанското фудбалско првенство е Барселона со 58 бодови.