МТСП: Во Кавадарци отворена градинка со капацитет за 75 деца

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска присуствуваше на свеченото отворање на новата градинка, “Буба Мара”, која функционира како дел од ЈОУДГ “Рада Поцева” во Кавадарци.

Министерството за труд и социјална политика за опремување на овој објект од својот буџет обезбеди над 1.4 милиони денари, а во адаптацијата на просторот со свои средства се вклучи и Општина Кавадарци.

“Главната задача која ја имаме наследувајќи еден разрушен систем е да ги зголемиме капацитетите преку изградба и адаптација на објекти. Со оглед на тоа што Кавадарци е една од општините каде има голем недостиг на градинки за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст, министерството за труд и социјална политика во соработка со општината заеднички пристапија кон решавање на оваа ситуација со адаптирање на простор во кој ќе се згрижуваат до 75 деца”, изјави министерката Царовска на свеченото отворање.

Министертвото за труд и социјална политика посветено продолжува да работи на изградба на нови, но и реконструкција и адаптација на веќе постоечките градинки за да ги подобри условите за згрижување на децата.

– Обезбедени се 931 вработување во градинките. До крајот на годината вкупната инвестиција во изградба, опремување и адаптирање ќе биде 71 милион денари, велат од министерството.

Би можело да ве интересира

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Горан Наумовски

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил

43-годишен маж од Кавадарци ја убил својата вонбрачна партнерка

Кавадарчанец барал помош од полицијата откако го истепала сопругата