ДУИ: Целосно расчистување на убиството на Саздовски и воздржување од провокации

Од:

„Демократската Унија за Интеграција изразува длабоко сочувство до родителите, фамилијата и блиските на починатиот Никола Саздовски. Загубата на млад и невин живот, особено на насилен начин, каков што беше овој немил настан, претстава чин кој секогаш и од секого заслужува целосна осуда.

Насилството претставува чин за кој нема и не треба да има никакво оправдување и во тој контекст изразуваме целосна поддршка на органите за безбедност и спроведување на законот, за целосно расчистување на случајот, и без никаква задршка, изведување на виновниците пред лицето на правдата. Според информациите кои се достапни на целата јавност, учесниците во овој немил настан се навремено идентификувани, и определени се понатамошни мерки во постапката, со што, правно, очекуваме брзо, правично и ефикасно спроведување на правдата.

Со оглед на насилната природа на овој настан, и пораката за омраза која е испратена со овој чин, но и со целосно разбирање на револтот на роднините и пријателите на младиот Никола Саздовски, како и јавниот израз на загриженост на граѓаните, сакаме да упатиме апел кој ќе води кон смирување на овој револт, апел за воздржување од провокации, особено апел за воздржување од пораките на омраза и нетрпеливост, кои претставуваат основа за ваквите насилни и немили настани“, се вели во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Адеми: Oвие избори ги сметаме за слободни, фер и демократски

Бајрам Реџепи: Тетово треба да биде инклузивна и отворена општина

А1он

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму