Нова опрема и вработувања во битолската Клиничка болница

Од:

На Одделението за офталмологија во Клиничката болница во Битола набавен е современ медицински апарат за испитување на задниот сегмент на окото.

Директорот на Медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски, Зоран Лазаров изјави дека станува збор за апарат за оптичка кохерентна томографија, набавен со средства од буџетот на Болницата.

– Апаратот е веќе инсталиран, а од идниот месец ќе биде во функција за клиентите на Одделението за офталмологија. Со апаратот се овозможува ОСТ ангиографија за испитување на задниот сегмент на окото и освен најнов апарат, тој е и прв во јавното здравство во нашата држава. Со набавката на апаратот, пациентите нема да чекаат за лекарски преглед кој се одолжуваше и за три месеци, нема да патуваат во друг град, ниту ќе се изложуваат на високи приватни трошоци, бидејќи лекарскиот преглед и лекувањето ќе се вршат со партиципација и закажување преку „мој термин“, појасни Лазаров.

Освен со нова медицинска апаратура, Клиничката болница во Битола наскоро ќе се зајакне и кадровски со нови 70 нови вработувања.

– Според структурата на потребите од нови вработувањ,а најголем дел се лекари, но и медицински сестри, акушерка, дипломиран фармацевт, радиолошки и фармацевтски техничари, физиотерапевти, инженери по безбедност при работа, болничари, молери и друг неопходно потребен кадар. Со ова крупно ресурно засилување, Клиничката болница ќе ја зголеми ефикасноста во пружањето медицински услуги на високо ниво, вели Лазаров.

Би можело да ве интересира

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината