Германецот Себастијан Фетел со Ферари победи на трката за Големата награда на Велика Британија во Формула 1 на патеката во Силверстоун и го зголеми водството во генералниот пласман.
Фетел победи пред актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес. кој во првите километри имаше судир со Кими Раиконен, кој го однесе на последното место по првиот круг, но сепак го извлече максимумот и заврши на второто место. Трет заврши токму Раиконен со второт возило на Ферари.
Трката понуди цврста битка меѓу Ферари и Мерцедес, а на два пати на патеката излегуваше и безбедносното возило.
Фетел со ова ја оствари својата 51-ва победа и сега во Генералниот пласман има 171 поен, пред Хамилтон со 163.