Почна со работа детската градинка во општина Зрновци

Од:

Четириесетина дечиња на возраст од две до шест години од денеска започнаа да ја посетуваат новоизградената детска градинка „Бисерчиња“ во Зрновци, со што и објектот е ставен во функција.

На почетокот дечињата се распоредени во две возрасни групи, а во зависност од заинтересираноста на родителите се планира во иднина да се формира уште една мешана група. Во моментот за нив се грижат по двајца воспитувачи и негуватели, како и четири лица од помошниот персонал, но се најавува можност за зголемување на бројот на вработените.

– Со оглед што има зголемен интерес за прием на деца, во најскоро време ќе побараме согласност од Министерството за труд и социјална политика за прием на уште две негувателки и една воспитувачка. Во меѓувреме, во тек е постапката и за ангажирање педагог со што ќе се комплетира персоналот во установата и таа ќе може нормално да ја извршува функцијата, истакна градоначалникот на општина Зрновци, Блаже Станков.

Со отпочнувањето со работа на детската установа во Зрновци, ќе се растовари капацитетот на градинките во Кочани кои згрижуваа деца и од соседната општина.

Зрновци е една од ретките рурални општини во источниот регион која доби современа установа за згрижување на најмладите од предучилишна возраст. Објектот има корисна површина од околу 500 метри квадратни со три занимални, сопствено парно греење и сончеви колектори за загревање на водата.

За изградбата на градинката беа вложени околу 230 илјади евра добиени преку ИПА фондовите на ЕУ, а опремувањето на објектот е со средства од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

A1on

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

A1on

Првото бебе во Зрновци се роди во октомври

Катерина Ѓуровски