Реал Мадрид со 4:0 го совлада Гетафе на меч на кој три гола постигна Кристијано Роналдо.
Покрај силните шпекулации за разни несогласувања во соблекувалната, „Кралевите“ денеска беа максимално ангажирани на теренот и славеа со убедливи 4:0 против Хетафе во првиот меч од денешната програма во Примера.
Реал поведе со автоголот на Валера во 53-та минута, а потоа на сцена стапи Роналдо кој постигна три гола.
Во 62-та минута Португалецот зголеми на 2:0, а само три минути подоцна постигна својот втор гол. Конечните 4:0 ги постави во 72-та минута од пенал.