Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб – Скопје расправајќи за актуелните прашања од надворешната политика и дипломатијата на Република Македонија, констатира дека постои блокада во професионалниот развој на дипломатската структура како во Министерството за надворешни работи, така и во несоодветното претставување на земјата во странство.
– Евидентно е дека заради блокадата за неименување на шефови на Диломатско-конзулрните претставништва на Република Македонија во странство од страна на претседателот Ѓорге Иванов, несоодветно се претствуваат, афирмираат и бранат интересите на Република Македонија. Ова е особено индикативно кога треба максимално да се вложат напори за финализирање на интегрирањето на државата во европските и евроатланските структури, соопшти Дипломатскиот клуб.
Дипломатско искуство и практика, се додававо соопштението, е дека пренесувањето на инструкциите од МНР до највисоките нивоа на креаторите на надворешната политика во секоја држава е најефикасно кога се пренесуваат од страна на акредитираните амбасадори. Актуелно празни се 20 позиции на амбасадори на Република Македонија во странство заради неноминирање на амбасадори од страна на претседателот Иванов и покрај серијата предлози што до него ги има доставено Владата на РМ.
– Со таквиот однос на Иванов доаѓа до уназадување на нивото на односите на Република Македонија со државите со кои сме потпишале и договори за отворање на амбасади со именување на амбасадори. Воедно со овој однос директна штета трпат позицијата и угледот на Република Македонија во светот, блокирани се најзначајните политички, економски и културни иницијативи за развој на вклупните односи на заинтересираните субјекти и граѓани со нивните партнери во светот, а се блокира и природното унапредување и професионален развој на дипломатите во Министерството за надворешни работи на РМ, се потенцира во соопштението од Дипломатскиот клуб.