Годишната средба на претставници на комисиите за одбрана и безбедност од парламентите на ЈИЕ денеска продолжува со панел за „Современи безбедносни предизвици во Југоисточна Европа“.
Говорници се минстерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на Комисијата за одбрана и безбедност Фросина Ташевска-Ременски и в.д.шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Џефри Голсдтајн.
На затворањето на конференцијата ќе зборува директор на РАЦВИАЦ – Центар за безбедносна соработка Хајдар Берк.