Македонски и грчки тинејџери физички се пресметале во Грција поради името

Од:

Македонски тинејџери на 17-18-годишна возраст кои учествувале на летниот подготвителен ракометен камп на поранешната ракометарка Андријана Будимир, во Неи Пори, Грција, физички се пресметале со грчките врсници поради името, дознава А1он од извори блиски до настраданите млади ракометари.

До тепачката помеѓу двете тинејџерски групи дошло откако жена, Гркиња, ги слушнала младите ракометари како зборат на македонски во локалната играчница, по што им пришла и ги прашала од каде се. Откако тинејџерите и одговориле дека се од Македонија, таа почнала да се расправа со нив околу името, а кратко потоа повикала група грчки тинејџери по што започнала жестока тепачка помеѓу двете групи која завршила со потешки повреди.

Инцидентот завршил откако полицијата која била повикана од некој од очевидците кои присуствувале на настанот, интервенирала со што биле раздвоени двете групи.

По враќањето од Грција, дел од младите ракометари завршиле во болница каде им се констатирани телесни повреди.

А1он се обиде да стапи во контакт со ракометарката Андријана Будимир која го предводела кампот, но првично таа не се оѕва на нашите повици, а кратко потоа го исклучи мобилниот телефон.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов