Изборот за Зимска убавица на Македонија ќе се одржи и оваа година.
Избор на најубавата Македонка за зимава тргнува вечерва од дискотеката „Милениум”. Од многуте пријавени девојки на кастингот, кој се одржал во модното студио Црнокрак, а на кој продефилирале девојки од цела Македонија, избрани се финалистките што ќе се претстават во десетина поголеми градови низ државата.
Победничката од изборот ќе учествува на еден од светските избори на убавина, за кој ќе одлучи модното студио Црнокрак.
Минатогодишна победничка на овој избор беше Ива Диневска од Скопје.