Иван Дуке победи на претседателските избори во Колумбија

Од:

Кандидатот на десницата Иван Дуке победи на претседателските избори во Колумбија, победувајќи го противникот од левицата Густаво Петро.

Според резултатите од речиси сите преброени ливчиња, Дуке освоил 54 проценти од гласовите, а Петро – 41.8 проценти.

Исходот од изборите е решавачки за иднината на мировниот договор со бунтовниците од ФАРК (Револуционерните вооружени сили на Колумбија), кој во 2016 година го склучи досегашниот претседател Хуан Мануел Сантос, а десницата сака да го ревидира.

Петро, ​​кој е поранешен градоначалник на главниот град Богота, на Твитер напиша дека добил толку многу гласови што не може да се смета за поразен, но оти „засега нема да владее“.

Анкетите прогнозираа победа за 41-годишниот Дуке, сенатор со мало политичко искуство, кого поранешниот претседател Алваро Урибе го избра за кандидат на неговата партија „Демократски центар“ за изборите.

Веднаш по објавувањето на резултатите од изборите Иван Дуке изјави дека неговата влада ќе направи „корекции“ во историскиот мировен договор кој овозможи разоружување на ФАРК и трансформирање на вооружената формација во политичка партија.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски