Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Од:

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно, со локален дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната температура од 18 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува седум.

Во Скопје слично време, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно, со локален дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната до 29 степени.

В понеделник ќе дува засилен ветер и повеќе нестабилно ќе е кон запад, со пороен дожд, грмежи и северен ветер. Во вторник се очекуваат повторно поројни врнежи, но условите за нестабилност да се помали, а во среда и четврток да биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога времето ќе е за неколку степени посвежо.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски