Времето денес претпладне променливо облачно со повеќе сончеви периоди во централните делови. Попладне ќе биде нестабилно, со локален пороен дожд, грмежи и со услови за појава на град. Повеќе воден талог ќе наврне на југот и на истокот од земјата. Ќе дува слаб до умерен источен ветер. УВ индексот ќе биде 6.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени.
Утре услови за нестабилност ќе има претежно во планинските региони и на север во Скопско. Во понеделник ќе дува засилен ветер и повеќе нестабилно ќе е кон западот, со пороен дожд, грмежи и северен ветер. Во вторник се очекува условите за нестабилност да се помали, а во среда и четврток да биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога времето ќе е за неколку степени посвежо.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 18 степени, а дневните температури од 18 до 32 степени.