Грипот на кинеската живина би можел да биде светска „болест Икс“

Од:

Смртоносниот грип кај кинеската живина би можел да биде „болест Икс“ која би предизвикала светска пандемија, пишува британскиот весник „Дејли телеграф“.

Се наведува дека професорот Џонатан Ван-Там, заменик шеф на медицинската служба за Англија при британското Министерство за здравство, кој е посебно задолжен за подготовка на вонредни ситуации и пандемии, за „Телеграф“ изјавил дека новиот тип птичји грип е „најверојатен кандидат за појава на пандемија на грип на светско ниво“.

Весникот наведува дека Ван-Там објаснил оти вирусот кој најмногу го загрижува него и другите одговорни лица е H7N9, птичји грип кој циркулира меѓу живината во Кина.

„Телеграф“ наведува дека научниците ширум светот се во зголемено ниво на претпазливост поради она што Светската здравствена организација (СЗО) го нарече „болест Икс“ – нов патоген, за кој се стравува дека би можел да предизвика светска пандемија.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ