Мицкоски: Да се обединиме во зачувањето на вредностите врз кој почива Република Македонија

Од:

„Почитуван реис-ул-улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи,

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам големиот верски празник Рамазан Бајрам.

Рамазан Бајрам за сите муслимански верници претставува радост, но воедно ја промовира љубовта, верноста и мирот, како поттик за создавање на подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја.

Почитувањето на верската различност и негувањето на толеранцијата преку градење на постојан дијалог е од особен интерес за доброто на сите граѓани и за иднината на нашата држава.

Нашата земја се соочува со историски премрежја и предизвици и тоа подеднакво ги загрижува сите граѓани.

Затоа е потребна мудрост и знаење. Да се обединиме во зачувањето на вредностите и принципите врз кој почива Република Македонија.

Нека овој Рамазански Бајрам уште еднаш нè потсети на трајноста на духовните вредности и дека со нивно негување, исполнетост со меѓусебно почитување, соживот и соработка, можеме да постигнеме напредок во нашето општество“, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба, да вложуваме во заедничка иднина

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО