Ахмети: Нема национално обединување, Албанците да си ги јакнат своите држави

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети порача дека нема да има национално обединување на Албанците во една држава, туку дека тие треба да ги јакнат државите во кои живеат и заедно да се интегрираат во Европската Унија, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Ахмети синоќа во емисијата „Пресинг“ на приштинската Т7 рече дека „нема Албанец кој не ја сака Албанија и кој не сака национално обединување“, но дека работите се многу сменети од 90-тите години на минатиот век.

– Албанците сега треба да тежнеат да се обединат во Европа, со интегрирањето на Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора во Европската унија. Друга алтернатива нема. Ниту за Албанците, ниту за нашите соседи, рече Ахмети.

Говорејќи за идеите за територијални поделби, лидерот на ДУИ рече дека „концептот на поделби е штетен за Албанците“.

– Во прв ред, немаш како да делиш. Не можеш да ги делиш границите ниту со конец, ниту се лењир, рече Ахмети.

За таканаречената „Голема Албанија“, лидерот на ДУИ рече дека тој концепт на Албанците им го импутираа другите.

– Не е Албанија ниту голема ниту мала. Толкава е колкава што е, рече Ахмети во интервју за приштинската телевизија.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор

А1он

Ајдари: ДУИ е за една изборна единица, со отворени листи и со изборен праг од 5 проценти

ВИДЕО: Непријателите на Албанија ги иницирале протестите вели Ахмети, ги спомна Грција и Белград

Катерина Ѓуровски

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски