Во Шпанија уапсени четворица членови на руската мафија

Од:
Шпанската полиција соопшти дека, по налог на судијата на Меѓународниот суд за борба против организираниот криминал Елој Веласко, извршена е операцијата “Клотилда” во склоп на која во градот Лирет де Мар се уапсени четири лица поврзани со руската мафија, а меѓу нив и Андреј Павлов, кој важи за шеф на оваа група.
 
Во соопштението се вели дека уапсените ќе бидат изведени пред суд најверојатно во понеделник на 28 јануари.
 
Според добиените податоци, се работи за мафијашка група која во последните две години дејствувала во шпанската покраина Каталонија и со посредство на своите ресторани, бензински пумпи, агенции за недвижен имот и слични дејности на шпанскиот пазар пласирала повеќе од 50 милиони на валкани пари.
 
Во склоп на претресот на куќата каде што биле уапсени членовите на руската мафија, запленето е и оружје.
Фото: Анадолија aгенција

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот