Германецот Себастијан Фетел е победник на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена на патеката „Жил Вилнев“ за Големата награда на Канада.
Пилотот на Ферари на најдобар можен начин ја искористи пол-позицијата што ја имаше пред почетокот на трката и на својот тим му го донесе првиот триумф во Монтреал по пауза од 14 години.
На втората позиција трката ја заврши Валтери Ботас од Мерцедес со заостанување од 5,777 секунди, а на победничкиот подиум место си обезбеди и Макс Ферстапен од Ред Бул со 5,894 побавно време зад победникот.
Актуелниот светски првак Луис Хамилтон беше петти по што ја изгуби лидерската позиција во Генералниот пласман.
Нов лидер е денешниот победник Фетел со 121 бод, пред Хамилтон кој по седум трки собра 120 бода. Трет е Ботас со 86.