ГДУ со герила акција – засадени цвеќиња во дупките на улиците низ Битола

Од:

Граѓанско демократската унија организираше герила акција во Битола, засадувајќи цвеќиња во дупките на улиците. Во нивното соопштение тие се обраќаат до градоначалничката Наташа Петровска.

„Во име на вашите „задоволни“ сограѓани имавме должност да ви подариме еден букет, но поради вашата „ангажираност“ и недостапност решивме цветовите да ги засадиме во дупките на улиците во Битола, градот кој во моментот ви припаѓа вам така да и цветовите се на правото место. Не, не се тоа оние дупки кои вашите сопартици ги фотографираа пред изборите додека бевте опозиција, овие дупки се малку поблиску до Широк Сокак. Можеби сега не ги забележувате дупките затоа што службените возила не го имаат истиот ефект како приватните возила на граѓаните, а и последиците не влијаат на вашиот домашен буџет. Можеби не можете да ги видите поради уличното осветлување кое свети колку да се берат комарци околу него или толку многу се грижите за граѓаните и сакате да ги преориентирате на велосипеди со кои полесно ќе ги избегнуваат дупките па и загадувањето на воздухот ќе биде намалено. А воздухот е истиот онај стар добар загаден воздух поради кој протестиравте во минатото, а кој сега никаде не го споменувате па не го видовме ни транспарентот кој беше редовен декор на фестивалот „Браќа Манаки“. Можеби тогаш ве занесе филингот на црвениот тепих, па се почувствувавте како да сте на fashion tv и оттаму добивте инспирација за фото сесиите кои се единственото нешто што го гледаме одвреме-навреме. Според гласините еден добар период и потпишувањето на најобични документи тешко одело, па општинската администрација била нефункционална. Ја нема повеќе ни таа „една кофа боја“ која вашите сопартици толку многу ја споменуваа со која концесионерот на градските паркинзи го обележуваше градот, а и сè уште го обележува, не ги споменувате ни “тендерашите” иако покрај старите се појави и по некој нов… А граѓаните сеуште ги очекуваат новиот градски стадион, спортскоит комплекс, полигонот, домот на Копанки, незнам дали ветивте затворен базен затоа што за него имаше повеќе ветувања, па не се сеќавам од кого и кога беа. Сеуште очекуваме дека нешто ЌЕ направите, но добро знаете дека „ЌЕ“ е идно несвршено време и добро звучеше во програмите кои ги нудевте, но во сите овие години се изнаслушавме само ЌЕ направиме ова, ЌЕ направиме она, а не видовме ништо на дело, па кој знае дали воопшто и возот за Грција конечно ЌЕ свирни.

Почитувана Градоначалничке, доколку вашата мисија беше да партизирате се што можи да се партизира и да згрижите дел од вашите сопартици, роднини, пријатели, комшии, кучиња, мачиња… во и онака преполните јавни претпријатија и администрација, нашиот одговор е НЕ. Тоа е одговор на граѓаните кои имаа доверба во вас и Ви ја дадоа оваа можност, не заборавајте дека не сте таму затоа што сте многу способни како и поголемиот дел од вашите колеги, туку ја добивте оваа можност само поради криминалот и неработењето на оние кои беа пред вас.

Граѓаните кои Ви ја дадоа оваа поддршка не очекуваа дека ќе го добијат истото само во друга боја.

Овие граѓани очекуваа дека ќе имате доблест да го вратите одамна загубениот сјај на овај Град кој важеше за Град многу пошироко од овај регион.

Голем дел од овие граѓани копнеат по желбата дека нивните деца ќе се вратат во овај Град и ќе имаат можност да живеат како луѓе.

А најголемата надеж на сите мои сограѓани е да не бидат дел од онаа црна статистика по која станува препознатлив овај Град, преголем е бројот кој не сакамe ни да го спомнеме и посакуваме тоа да не бидe проблем на идните генерации…

Се надевамe дека овие критики ќе ви бидат мотив, а доколку не сте спремни да бидете сервис на граѓаните оставете тоа да биде некој кој навистина го сака овај Град и своите сограѓани“ се вели во соопштението на ГДУ.

Би можело да ве интересира

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола

Пожарите над Битола и кај Радовиш ставени под контрола

Катерина Ѓуровски