Агенцијата за медиуми ќе расправа дали има недозволена медиумска концентрација кај ТВ Алфа

Од:

Предлог – одлука за поведување постапка за утврдување недозволена медиумска концентрација кај Трговското радиодифузно друштво АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје е втората точка за која треба да расправаат членовите на Агенцијата за медиуми на седницата закажана за 12 јуни. Нема информација дали точката е по претставка или по нечие барање, или го покренува Агенцијата по службена должност.

АВМУ во април годинава не утврди недозволена медиумска концентрација кај телевизија 24. Постапката беше покрената на седницата на Советот во февруари годинава по поднесено барање од странка врз основа на интервју на сопственикот на операторот „Роби“. Недозволената медиумска концентрација законски е уредена во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март