Селекторот на српската фудбалска репрезентација, Младен Крстајиќ, го објави конечниот список од 23 фудбалери кои ќе настапат на Светското првенство (СП) во Русија.
Од списокот отпаднаа четири имиња – Матија Настасиќ, Мијат Гачиновиќ, Немања Максимовиќ и голманот Александар Јовановиќ.
Крстајиќ оваа одлука ја донесе пред заминувањето на српската репрезентација на подготовки во Австрија, каде ќе oдигра два контролни натпревари против Чиле и Боливија.
Конечен список:
Голмани: Владимир Стојковиќ (Партизан), Марко Дмитровиќ (Еибар), Предраг Рајковиќ (Макаби Тел Авив)
Одбрана: Антонио Рукавина (Виљареал), Бранислав Ивановиќ (Зенит), Душко Тошиќ (Гвангжу), Александар Коларов (Рома), Никола Миленковиќ(Фиорентина), Милан Родиќ (Црвена Звезда), Урош Спајиќ (Краснодар), Милош Вељковиќ (Вердер)
Среден ред: Лука Миливојевиќ(Кристал палас), Немања Матиќ (Манчестер јунајтед), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Лацио), Душан Тадиќ (Саутемптон), Адем Љајиќ (Торино), Андрија Живковиќ (Бенфика), Марко Грујиќ (Ливерпул), Филип Костиќ (Хамбург), Немања Радоњиќ (Црвена звезда)
Напад: Александар Митровиќ (Њукасл), Александар Пријовиќ (ПАОК), Лука Јовиќ (Ајнтрахт)
Србија на Светското првенство ќе игра во група Е заедно со Бразил, Швајцарија и Костарика.