Ранета скопјанка случаен минувач при кражба на 10.000 евра

Од:

Со пострелна рана на десната потколица е повредена 53-годишна скопјанка вчера попладне во Скопје, откако ја погодил куршум испукан од разбојници кои ограбиле кривопаланчанец кој излегувал од зграда на ул. „Руди Чајавац“ и му одзеле 10.000 евра.

Полицијата информира дека вчера во 16:30 часот на ул. „Руди Чајавец“ во Скопје две непознати лица со моторцикл непозната марка, од кои едниот вооружен со пиштол, било извршено разбојништво врз М.С.(49) од Крива Паланка, кој во тој момент излегувал од зграда, при што му одзеле 10.000 евра кои ги носел со себе. При напуштање на местото на настанот едно од лицата испукал еден куршум и повредил случаен минувач, П.О.Д.(53) од Скопје.

Повредената со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза” каде и била констатирана прострелна рана во пределот на десната надколеница.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов