Работник тешко повреден од цигла што му паднала врз глава

Од:

Во Гостивар вчера попладне, во станбена зграда во изградба, при покревање на цигли со електрична дигалка од приземје до четвртиот кат паднала една цигла што го погодила во главата Д.П. од Република Албанија.

Повредениот бил пренесен во Медицински центар Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите со медицинско возило бил пренесен во Невролошката клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов