Првиот голман на Реал Мадрид и најдобриот светски чувар на мрежата, Икер Касиљас кој синоќа беше повреден во куп натпреварот со Валенсија, најверојатно ќе го пропушти двомечот од Лигата на шампионите против англискиот претставник Манчетсер Јунајтед.
Прогнозите кои доаѓаат од Мадрид велат дека за опоравување на повредената рака на Касиљас ќе треба да помине период од шест недели до три месеци.
Реал Мадрид во осминафиналето против Манчестер Јунајтед во првиот дуел на 13 февруари ќе игра на домашен терен, а реваншот во Англија е закажан за 5 март.